Filip IT Services
Сигурна ИТ поддршка за мали бизниси
Закажете дијагностика на лице место — брзо и едноставно!
Услуга низ Скопје
Понеделник до Сабота

За непречено работење на вашите компјутери и канцелариска опрема.

Одржување и поправка на компјутери, заштита и враќање на податоци, веб изработка и практични софтверски решенија — се што и треба на една мала канцеларија.

Поправки и надградби

Комплетна дијагностика на проблеми, инсталација на аткивирани оперативни системи и канцелариски софтвер, замена на компоненти и термално одржување за подолг век на уредите.

Теренска поддршка

Брза проверка на лице место за компјутери што не стартуваат, бавни системи, проблеми со печатачи или секојдневни канцелариски дефекти.

Заштита на податоци

Конфигурирање и проверка на резервни копии на податоци, безбедна миграција на документи и обиди за враќање избришани или оштетени датотеки од дискови.

Изработка на веб страница

Дизајн и развој на чист и брз вебсајт со контакт, услуги и информации, оптимизиран за мобилни уреди и пребарување на Google.

Веб одржување и безбедност

Редовни ажурирања, SSL заштита, резервни копии на страницата и помали измени на содржина без ризик од падови или грешки.

AI асистенти и автоматизации

Интегрирање на едноставни AI алатки: чат-ботови за чести прашања, брза изработка на документи и полесно пребарување низ информации.

  Види ценовник
  • Носење компјутери за банални поправки
  • Скапи антивируси без корист
  • Ненадежни техничари без термин
  • Одложени поправки што траат со недели
  • Недостапна поддршка кога ви е најпотребна
  • Генерички решенија грешни за вашиот бизнис

Сето тоа може да се избегне со сигурна ИТ поддршка на лице место — проблемите се решаваат брзо, а секогаш имате на кого да се потпрете кога ќе се појави нов.

Брз одговор, јасна комуникација и фер цени.

  Јавете се сега  Закажете терминОбласт: Скопје • На терен и онлајн поддршка