Filip IT Services
Сигурна ИТ поддршка за мали бизниси
Ценовник на услуги
Транспарентни цени за најчестите ИТ услуги. За специфични барања, контактирајте директно.
| Услуга | Опис | Цена (МКД) |
|---|---|---|
| Брза дијагностика | Основна професионална проверка на компјутер: утврдување време на стартување, проверка на перформанс, статус на диск, кратка проверка на потенцијални грешки во системот. Резултат: Добивате точен извештај за моменталната состојба на уредот и искрени препораки за понатамошни чекори. Времетраење: ~30 минути, на лице место. | 600 Износот се одбива доколку продолжиме со дополнителни услуги истиот ден |
| Основна дијагностика и оптимизација Вклучени сите услуги од брза дијагностика бесплатно | Чистење на непотребни програми, ослободување простор, чистење на прелистувачи од додатоци и несакани почетни страници, антивирус и повеќеслојна проверка за малициозен софтвер, површно физичко чистење на уредот и вентилаторите за забрзување на перформансот, основен бекап. Идеално за компјутери без сериозни проблеми. Резултат: Побрз перформанс, повеќе слободен простор, подобрена стабилност на системот. Времетраење: ~45 минути, на лице место. | 800 |
| Напредна дијагностика и поправка Наменето за компјутери со посериозни проблеми или нестабилност | Длабинска проверка на компјутерот за посложени проблеми: физичко отворање и инспекција на компоненти, проверка на кабли, меморија и дискови, внатрешно чистење од прав и проверка на термална состојба. Вклучува детална анализа на оперативниот систем, екстерно скенирање за вируси, ресетирање на оштетени поставки, основни софтверски и физички поправки или оптимизации што можат да се завршат на лице место. Клиентот добива јасна дијагноза и препораки за идни чекори. Резултат: Комплетна дијагноза со откриени хардверски и софтверски проблеми, основни поправки на лице место и враќање на стабилна и сигурна работа на уредот. Времетраење: ~90-120 минути, на лице место или по договор. | 1400 |
| Поставување на бекап решение | Конфигурирање на автоматски бекап за важни податоци на клиентот преку надворешен (екстерен) диск или cloud услуга (Google Drive, OneDrive, Dropbox). Вклучува првичен пренос на податоци, проверка на враќање на податоците (restore тест) и јасна обука за користење на системот. Оваа услуга е наменета за мали канцеларии и корисници кои сакаат нивните важни документи и датотеки да се секогаш заштитени. Резултат: Податоците се сигурно заштитени и може веднаш да се вратат во случај на оштетување, кражба или губење, со што се избегнува прекин на работата. Времетраење: ~60–80 минути, на лице место. | 900 Цената за екстерен диск или cloud услуга не е вклучена |
| Термален сервис | Детално чистење на компјутерот од наталожен прав, чистење и проверка на вентилатори и ладилници, повторна апликација на термална паста и мерење на температурите под оптоварување. Со оваа услуга се спречува прегревање, се намалува бучавата при работа и се продолжува животниот век на уредот. Идеално за канцелариски компјутери кои се користат секојдневно и покажуваат знаци на загревање или шум. Резултат: Потивок и побрз уред, пониски температури и подобрена стабилност на системот. Времетраење: ~60 минути, на лице место. | 1200 |
| Реинсталација на оперативен систем | Целосна повторна инсталација на Windows или Linux дистрибуција со форматирање на системскиот диск, поставување на најновите драјвери и ажурирања, и инсталирање на основни програми за работа (прелистувач, архиватор, PDF читач, Office пакет). По потреба, вклучува преместување и враќање на корисничките датотеки од бекап. Идеално решение за компјутери со оштетен или нестабилен систем што не може да се поправи со едноставни оптимизации. Резултат: Чист и стабилен оперативен систем, подготвен за веднаш користење, со зачувани и вратени податоци (доколку е избрана опцијата за миграција). Времетраење: ~60–90 минути, на лице место. | 1200 |
| Миграција на поставки и софтвер За деликатно поместување програми и поставки на нов реинсталиран уред или од еден уред на друг | Пренесување на индивидуални кориснички поставки, е-пошта профили, прелистувачи и специјализирани стручни програми, како и повторно поставување на софтвер за да се задржи претходното работно опкружување. Оваа услуга е погодна за клиенти кои сакаат новиот систем да изгледа и да се однесува слично на стариот, без да ги губат персоналните прилагодувања. Резултат: Работна околина со задржани поставки и програми, минимизирано време за повторно прилагодување на системот. Времетраење: ~2-3 часа, на лице место или по договор. | 900 Цената се намалува доколку се бара заедно со реинсталација на ОС |
| Хардверски надградби (SSD/RAM) | Инсталација и конфигурација на нов хард диск (SSD) или дополнителна меморија (RAM) за значително подобрување на брзината и стабилноста на компјутерот. Вклучува физичко монтирање на компонентата, клонирање на постоечкиот диск или чиста инсталација по потреба, како и тестирање за стабилност и правилна работа Резултат: Значително побрзо вчитување и работа на системот, подолго траење на уредот и подобро искуство при секојдневна употреба. Времетраење: ~60–90 минути, на лице место. | 600 Само работна рака, за пренос на податоци потребна е плус миграција |
| Веб изработка Утврдување стабилна веб присутност | Професионално изработена веб страница за мали бизниси и канцеларии. Наместо шаблони со реклами или ограничувања, добивате чист и модерен дизајн прилагоден за вашиот бизнис, оптимизиран за мобилни уреди и предност кај пребарувачи како Google. Страницата вклучува до 5 содржински делови, функционална контакт форма и интеграција со Google Maps и останати сервиси. Резултат: Видлива и современа онлајн присутност што ја претставува вашата работа и ја олеснува комуникацијата со клиентите. Времетраење: ~5–7 работни дена. | 12600 Доменот и хостингот ги обезбедува клиентот, а ние ја конфигурираме и целосно ја поставуваме страницата |